Груевски најавува изградба на турска фабрика во Бунарџик и 250 вработувања
Во слободната индустриска зона во Скопје, Бунарџиќ 2, сосема е извесно дека фабрика ќе гради една турска компанија. Ова го соопшти денеска премиерот Никола Груевски, кој додава дека договорот веќе минал на владина седница. Според најавите, се работи за компанија која произведува уринарни катетри и медицинска опрема, а треба да вработи околу 250 лица.
„Неодамна најавив две нови турски инвестиции и сега можам да кажам дека договорот за едната помина на седница на Влада и таа компанија одлучи да се смести во зоната Бунарџик-1. Во период од две години ќе вработат 250 лица, на почеток 100, а потоа останатите до 250 лица и ќе инвестираат 9 милиони евра.“, појасни Груевски кој додаде дека сега треба да се стави потпис на договорот, по што би се почнало со најзина изградба.
Од турската компанија, владата била информирана дека сакаат да го расчистуваат теренот за изградба околу нова година, а фабриката целосно да биде готова до август идната година. Договорот за втората турска компанија, треба да се стави на наредната седница на Владата, додаде премиерот кој денеска сечеше лента на фабрика во битолско.
Слично
