Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски најавува – Тунижани ќе градат фабрика во Кавадарци

Груевски најавува – Тунижани ќе градат фабрика во Кавадарци
Туниска компанија ќе гради погон во Кавадарци. Погонот ќе биде изграден во близина на фабриката на Дрекслермаер, бидејќи компанијата од Тунис била партнер на Дрекслермаер. Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски од кавадаречко. „Компанијата веќе ја посети Македонија и од она што го кажа доста е извесно дека ќе дојде во Македонија да произведува одредени делови кои се потребни за производството на Дрекслермаер“, изјави Груевски. Вообичаено, посочи дека името на компанијата не го открива, но откри дека се бизнис партнери со германските Дрекслермаер, па кога тие  отовораат нова фабрика, тоа го прават и Тунижаните за да ги намалат транспортните трошоци. Според Груевски, со евентуална изградба на новата туниска фабрика ќе се намали цената на и на нивниот, и на производите на Дрекслермаер. Од Кавадарци Груевски повтори дека инвеститор од ОАЕ во Ресен ќе гради дистрибутивно откупен центар за јаболка и друго овошје од Преспа, а ова производството ќе се пласира главно на Блискиот и Средниот Исток. „Подолг период работевме да најдеме некој што ќе се одлучи да инвестира во вакво откупен центар во Ресен, а тоа беше и барање на земјоделците“, додаде тој. Земјиштето беше продадено на аукција, по цена 4,3 милиони денари на компанијата  „Ејпл Ленд“ инаку основана од инвеститор од Дубаи.
Слично

Поврзани вести