Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски најавува нови работни места

Груевски најавува нови работни места
Странска компанија има намера да отвори меѓу 4.000 и 5.000 работни места во Македонија, објави премиерот Никола Груевски во синоќешното интервју во емисијата „Јади бурек“. Според него, преговорите со големата компанија за инвестиции во североисточниот дел од Македонија се во завршна фаза, но сеуште не се открива името на потенцијалниот инвеститор. „Во овој момент не можам да ја кажам ниту фирмата, ниту да откријат детали, бидејќи преговорите уште не се завршени“, рече Груевски, кој најави дека доколку се реализира оваа инвестиција тоа ќе значи препород на овој дел од земјата. Премиерот признава дека кај дел од странските инвеститори платите се пониски на почетокот, но додава дека очекува тоа да се промени со зголемувањето на конкуренцијата. Груевски нагласува дека посебен фокус и во новата изборна програма на неговата партија има вработувањето на младите. Тој смета дека стимулациите за вработување на млади лица до 29 години веќе започнале да даваат резултати, а за неполни две недели од објавата на оваа мерка, работодавачите поднеле барања за околу 700 нови вработувања на млади лица.
Слично

Поврзани вести