Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски најави влез на нова германска компанија во земјавa

Груевски најави влез на нова германска компанија во земјавa

На фејсбук профилот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска беше најавена нова инвестиција.

Според напишаното се работи за германската компанија „Kessler“ која работи во  електро-машинската сфера.

Оваа компанија според најавите во првата фаза треба да отвори  Центар за истражување и развој во кој ќе се вработат 10-тина висококвалификувани електро и машински инженери, додека за втората фаза се најавува отворање на погон за производство во кој би се вработиле 50-тина лица.

Оваа компанија има околу 800 вработени во Германија а ова е нејзино прво инвестирање надвор од границите на Германија.

Се произведува  опрема и алатки за машинско моделирање и брусење, електромотори, делови за CNC машини, сензори и слично.

Слично

Поврзани вести