Груевски најави нови четири странски инвестиции
„Иако кризата се подзабави ние продолжуваме да се бориме за секоја нова инветсиција, за секое ново отворено работно место во Македонија“ порача Груевски од собирот.
Симпатизерите на Груевски први ја имаа честа да ја слушнат новата инвестиција од западно европска компанија, која како што рече Груевски го известила неодамна економскиот тим дека има донесено интерна одлука дека ќе инвестира во Македонија .
Груевски истакна дека тоа е фабрика за производство на електрични уреди кои се употребуваат во секојдневието, домаќинството и претставуваат прилично познат бренд.
Се очекува да отворат 1000 директни вработувања во град во пелагонискиот регион.
Лидерот на партијата рече дека од разбирливи причини не можел да ги соопшти деталите, додека самиот инвеститор не го направи тоа.
Груевски продолжи да зборува за нови инвестиции и рече „нека е со среќа со новите инвестиции“ кои се очекуваат во наредните месеци.
Она што е интересно е дека лидерот на партијата на власт ги најавува инвестициите наместо тоа да го прави премиерот или економскиот тим на Владата.
