Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски најави изградба на нов државен универзитет и повисоки стипендии

Груевски најави изградба на нов државен универзитет и повисоки стипендии

„Мајка Тереза” е новиот државен универзитет што ќе се отвори во Скопје. Ова го најави денеска премиерот Никола Груевски, а изградбата на универзитетот треба да почне наредната година.

Според најавите, универзитетот ќе има 14 студиски програми за прв и втор циклус на студии, а наставата ќе се одвива на три јазици и тоа на македонски, албански и англиски.

Груевски најави дека во новиот универзитет ќе има декани странци, а можеби и ректор странец, затоа што законот тоа го дозволувал.

Освен тоа, премиерот најави и зголемување на средствата за стипендирање на средношколците и студентите. Ќе бидат воведени и 40 видови нови стипендии, за чие покривање од буџетот се одвоени 11,2 милиони евра .

Инаку, ова е веќе трето ветување на Груевски во предизборната трка, каде целна група се студентите. Тој претходно најави и слободни денови за превоз и патувања за стипендистите од државните универзити.

Слично

Поврзани вести