Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски најави четири нови странски инвестиции

Груевски најави четири нови странски инвестиции
Четири нови странски инвестиции влегуваат во Македонија, а две компании кои веќе работат во земјава ќе ги прошируваат капацитетите, вели премиерот Никола Груевски. Во зоната Бунарџик 2 германска компанија ќе гради фабрика за електрични уреди и ќе креира најмалку 500 работни места, а се зголемува  и бројот на американски инвестиции во земјава, од каде нова инвестиција ќе дојде од автомобилската индустрија, најавува Груевски во интервју за порталот Република. „Гло­бал­на кор­по­ра­ци­ја од САД од авто­мо­бил­ска­та ин­ду­стри­ја, ко­ја има око­лу 3.000 вра­бо­те­ни, донела од­лу­ка за ин­ве­сти­ра­ње во ТИРЗ Скоп­је 1, и ве­ќе ре­зер­ви­ра­ла   пар­це­ли со по­вр­ши­на од око­лу пет хе­кта­ри. Вкуп­на­та ин­ве­сти­ци­ја ќе из­не­су­ва 14,7 ми­ли­о­ни евра.Тие пла­ни­ра­ат да отво­рат вкуп­но 417 но­ви ра­бот­ни ме­ста до крај на 2016 го­ди­на“, вели Груевски. Турска компанија за дистрибуција на храна исто така планира влез во Македонија - бара локација за да изгради производствен погон.  
Слично

Поврзани вести