Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски најави бугарска инвестиција

Груевски најави бугарска инвестиција

Жестока борба за социјална правда, работни места и нови инвестиции - дел од говорот на премиерот Груевски на синоќешното обраќање по повод 23 октомври.

Мусала софт од Бугарија е компанијата за која премиерот истакна дека регистрирала фирма во земјава и планира да инвестира во нови работни места и а висококвалификуван кадар.

Уште две странски инвестиции треба да почнат со изградба на  фабрики. Едната е Италијанска за производство на преработен зеленчук за извоз, додека другата е израелска која ќе отвори компанија во главниот град и ќе донесе нови вработувања на 80 лица.

Пред самиот финиш е и  американската Гентерм која отвора нова фабрика во Прилеп и ветува 2000 нови работни места и која веќе ги селектираше првите 350 лица.

Премиерот во својот говор се осврна и на економскиот раст кој според него Македонија го постигна и поволната бизнис клима која привлекла странски инвеститори.

Слично

Поврзани вести