Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски најави амбициозен план, усвоен нов план на реформи за ЕУ!

Груевски најави амбициозен план, усвоен нов план на реформи за ЕУ!

Премиерот Никола Груевски преку својот Фејсбук профил, https://m.facebook.com/NGruevski ,  ги поздрави заклучоците на ЕУ и потенцира дека ќе продолжи посветено во исполнување на договорот постигнат на 2 јуни.

-Ги поздравувам заклучоците на ЕУ, продолжуваме посветено во реформскиот процес и договорот од 2 јуни. Продолжуваме за подигање на стандардите во сите области, пред се заради подобар квалитет на животот на граѓаните на Република Македонија и прогресот кон ЕУ. Македонија ќе излезе посилна од оваа криза, а нашиот народ е мудар и знае да цени и вреднува кој работи за него и со кого има подобра иднина. После прогресот кон ЕУ, Владата ќе излезе со конкретен план на мерки и активности во насока на реформскиот процес – посочи Груевски.

Тој денес најави нов амбициозен план , План за нови реформи за европската интеграција.

„На вчерашната седница усвоивме План за нови реформи за европската интеграција. Покрај постоечките реформи кои континуирано ги спроведуваме, ова е нов обемен и амбициозен план за кој верувам дека ќе овозможи дополнителен напредок“, вели премиерот.

Планот според напишаното ќе биде фокусиран на на унапредување на владеење на правото, слободите, изборното законодавство, борбата со криминалот и корупцијата.

Ангажман на цела Влада и ангажман на посебен тим на министри кои неделно ќе се среќаваат неколкупати со цел да ги подготвуваат и реализираат евро-реформите.

„Македонија има сила, местото на Македонија е во Европската Унија“, порача премиерот.

Слично

Поврзани вести