Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски на средба со извршниот директор на ММФ

Груевски на средба со извршниот директор на ММФ
Македонија дава максимум за обезбедување на макроекономската стабилност со ниска инфлација која во просек изнесува 2% во последните 10 години и низок буџетски дефицит, рекол премиерот Никола Груевски на средба  со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Мено Снел. Груевски го запознал соговорникот и со поволниот даночен пакет кој го нуди државата во насока на привлекување на инвестиции. Тој посочи дека во делот на даночниот систем воведен е најповолен пакет на рамни и ниски даноци и се поедноставени постапките за нивно пријавување и плаќање преку реформи во даночната администрација. Данокот на добивка и персоналниот данок на доход изнесуваат само 10% што е најниско ниво во Европа, а од оданочување ја ослободивме задржаната добивка која не се распределува во дивиденди, истакна премиерот Груевски како што информираат од неговиот кабинет. Снел ги поздравил реформите кои ги прави државата оценувајќи дека со нивната реализација Македонија се вбројува во редот на најамбициозните држави во регионот. Тој оцени дека земјава води стабилна даночна политика и макроекономски е стабилна, информираат од Владата.
Слично

Поврзани вести