Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ НА СИТЕЛ: Опозицијата ги вади студентите на улица

ГРУЕВСКИ НА СИТЕЛ: Опозицијата ги вади студентите на улица
Владата не предлага концепт на екстерно тестирање, туку на државен испит во високото образование, повтори премиерот Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител. „При државен испит нема проверка на професорите, туку се проверува знаењето на студентите. Притоа, тие доколку и го положат испитот со 6-ка, а од професорот добиле 10-ка, нивната оценка нема да се менува. Ќе биде важно само дека го положиле испитот. Поените ќе можат да си ги видат, но тоа ќе биде само за нив, да знаат како поминале“, вели Груевски. Тој нагласува дека за концептот се уште се слушаат сугестии, иако Владата е решена да воведе некој модел со кој ќе се врши проверка на знаењата стекнати во високото образование. Сепак, работната верзија е веќе прилично детализирана - тестовите ќе ги врши Одборот за акредитација, тие ќе се спроведуваат компјутерски, а резултатите ќе бидат видливи веднаш откако студентот ќе заврши со одговарање на последното прашање. Груевски потенцираше дека овој концепт, доколку биде усвоен, ќе важи за студентите кои допрва ќе се запишат, а не за оние што веќе се на универзитетите. Затоа, вели премиерот, за него е нејасно незадоволството и протестите на студентите. „Мислам дека опозицијата ги вади и ќе продолжи да се обидува да ги вади студентите на улица. Според наши информации на повеќе факултети, особено на факултетите во Скопје, имало притисок врз студентите да излезат на протест. На Архитектонскиот факултет дури и се правеле списоци“, тврди Груевски.
Слично

Поврзани вести