Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски се пофали со отварањето на нова фабрика во Прилеп - Ќе има 1000 вработувања

Груевски се пофали со отварањето на нова фабрика во Прилеп - Ќе има 1000 вработувања

Екс премиерот Никола Груевски, а сегашен предводник на опозицијата, учествуваше на поставувањето на камен темелник на новата фабрика на германски ВИК заедно со поранешните министри за привлекување на странски инвестиции во ТИРЗ Прилеп.

- Она што го најавив во ноември минатата година и на што интензивно се работеше во месеците потоа, денес започнува да се реализира. Почнува со градба фабриката на германската компанија WIK во Технолошко-индустриско развојната зона Прилеп. Оваа фабрика треба на Прилеп и прилепско да им донесе нови 1000 работни места, што ќе значи сигурна егзистенција, плата, стабилност и извесна иднина за 1000 семејства, истакна Груевски.

ВИК има седиште во Есен, но и во Хонг Конг, а се занимава со производство на апарати за домаќинството, а нивната прилепска фабрика ќе биде насочена кон производство на кафемат машини. Инвестицијата тежи 12 милиони евра, на вкупна површина од 10 илјади метри квадратни.

Реализацијата ќе биде во две фази, првата од 5 милиони евра, а во втората фаза се планирани 7 милиони евра и дополнителни 6.5 илјади метри квадратни. На самиот почеток ќе се вработат 50 луѓе и постепено оваа бројка ќе расте, а по комплетирањето на двете фази ќе се вработат 1000 граѓани.


Слично

Поврзани вести