Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски на отворањето на Текнохосе: Македонија е регионален лидер!

Груевски на отворањето на Текнохосе: Македонија е регионален лидер!
Италијанската компанија „Текнохосе“ го почна производството во фабриката во Македонија лоцирана во ТИРЗ „Скопје 1“.  Во употреба ја пуштија премиерот Никола Груевски, генералниот директор на италијанската компанија Антонио Витило и италијанскиот амбасадор во Република Македонија Фабио Кристијани. - И покрај тоа што светската економска криза имаше свое влијание на реализација на оваа инвестиција најавена уште во 2008 година, сепак резултатите не изостанаа. Пред нас е новата фабрика на италијанскиот инвеститор „Текнохосе“, рече премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на новата фабрика. Почетната инвестиција е пет милиони евра со 50 вработувања, а во март наредната година почнува реализација на нова инвестиција од 10 милиони евра со што вкупниот број на вработени ќе достигне 200 вработувања. Фабриката  ќе произведува гумени армирани црева за висок притисок кои имаат примена во градежништвото, автомобилската индустрија и други индустрии. Следната ќе се почне со изградба на втор објект во кој ќе се произведуваат хидраулични спојки за армираните црева. Сега во слободната економска зона произведуваат четири фабрики, а уште неколку се градат и се очекува да почнат со работа. Овие инвестиции, како што рече премиерот, ќе донесат неколку илјади вработувања и се од исклучителна важност за Македонија. Груевски потсети на најновиот извештај на Светската банка „Дуинг бизнис 2013“ во кој Македонија, според премиерот останала лидер во регионот за водење бизнис, а ја спомена и потврдата за кредитниот рејтинг од страна на агенцијата Фич. - Работите во Македонија се движат во добра насока. Ова е јасен сигнал до сите идни инвеститори дека Македонија е стабилна земја со квалитетни економски политики, изхјави Груевски, изразувајќи уверување дека таквите сигнали ќе стигнат до што е можно повеќе компании и многу инвеститори ќе ги следат чекорите на компаниите кои веќе инвестираа во Македонија. Од компанијата „Текнохосе“, истакнуваат дека инвестирале во Македонија во период кога Македонија не била интересна локација за други италијански компании,  пред се поради одличната географска местоположба, конкурентските трошоци и поволниот даночен систем. Ова е прва фабрика на италијанската фирма изградена надвор од границите на Италија. Неделава ќе се отвори и фабриката на руската компанија „Продис“.
Слично

Поврзани вести