Груевски на митинг најави: Германска компанија ќе инвестира во охридско-струшкиот крај
Германска компанија за производство на автомобилски делови ќе гради своја фабрика во охридско-струшкиот регион, најави премиерот Никола Груевски на митингот на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов во Струга.
„Денеска попладне добив информација дека германска компанија донесе одлука за изградба на фабрика за производство на автомобилски делови и тоа во охридско-струшкиот регион“, соопшти Груевски, додавајќи дека уште не смее да го открие името на заинтересираниот инвеститор.
Тој сепак нагласи дека станува збор за инвестиција која во почетокот ќе функционира како „браунфилд“, додека не изградат нова сопствена фабрика во овој регион, а планирано е фабриката да донесе и нови вработувања.
Слично
