Груевски на конференција за Западен Балкан во Лондон
„Инвестирање во Западен Балкан“ е темата на конференцијата што ќе започне во Лондон во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). На конференцијата ќе присуствуваат премиерите на земјите од Западен Балкан, меѓи кои и македонскиот премиер Никола Груевски.
Учесниците на конференцијата се очекува да дискутираат за диверзификација на енергија во Западен Балкан, улогата на новите извори и патишта за снабдување, инфраструкура во услови на рестриктиен буџет и улогата на приватниот сектор како и можностите за трговска интеграција на регионот.
Груевски пред присутните ќе ги презентира стратешките инфраструктурни проекти на Владата во сферата на патната инфраструктура, изградбата на Коридорите 8 и 10, инвестициите во енергетиката, железницата и посветеноста кон привлекување инвестиции како механизам за обезбедување економски напредок на државата и перспектива за развој на регионот.
Минатата година ЕБОР инвестираше во повеќе од 80 проекти во Западен Балкан, вредни 1,2 милијарди евра. Досегашната вкупна инвестиција на ЕБОР во регионот во сите овие години е околу 10,5 милијарди евра.
ЕБОР во Македонија е активна од 1993 година и е еден од најголемите инеститори во земјата. Заклучно со јуни 2013 година има одобрено проекти со вредност од 2,174 милиони евра. Најголемиот дел или 56 проценти од проектите се во инфраструктурата, 26 во енергетиката, 11 во финансискиот сектор и 6 проценти во иднустријата, трговијата и агробизнисот.
Слично
