Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски на голем политички настан со европската и светска политичка елита

Груевски на голем политички настан со европската и светска политичка елита

Денеска ќе се одбележат 40 години од постоењето на  најсилната политичка структура во Европа, Европската народна партија (ЕПП).

Токму дел од овој голем политички настан кој се одржува во Луксембург ќе биде и првиот човек  на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во присуство на  германската канцеларка Ангела Меркел, лидерската двојка на Европската унија, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, 50-тина европратеници, и бројни претседатели на држави и влади од демо-христијанската политичка опција на „стариот континент“ Груевски ќе се најде меѓу европската и светска политичка елита.

Според она што е најавено најпрво ќе се одржи состанок на претседателството на ЕПП и Политичко собрание додека вечерва ќе има свечена церемонија каде заедно со Меркел, Туск, Јункер, Хан, Орбан, Мицотакис и другите европски лидери ќе учествува и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ е сестринска партија на ЕПП .

Слично

Поврзани вести