Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ: На 24 април народот ќе покаже чија е оваа држава

ГРУЕВСКИ: На 24 април народот ќе покаже чија е оваа држава

„После оваа лекција која ќе дојде на изборите преку општонародното масовно гласање, ќе помине долго, многу долго време, пред на некој политичар повторно да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, со Чауши, со Ванхојтовци, со Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град” – ова го изјави денеска Груевски во обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер, ја искористи конференцијата за да да им порача на евроамбасадорите и опозициската СДСМ дека народот ќе одлучи чија е државата на 24 април.

„Тоа е ден кога овој народ, народот на Македонија, на сите ќе им покаже кој е кој во оваа држава, односно чија е оваа држава. Во април, народот на Макеоднија ќе си ја врати делумно одземената власт, и преку масовното гласање на изборите ќе ги избрка на клоци вештачки и насила насадените функционери и ќе испрати неколку пораки” - рече Груевски.

Груевски потенцираше дека се неприфатливи тврдењата на СДСМ за неможност за организација на фер и демократски избор.

Пред него зборуваше претседателката на Унијата на жени, Даниела Рангелова,, која исто така најави изборна победа.

 
Слично

Поврзани вести