Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски му возврати на Брисел: Упати порака преку Твитер

Груевски му возврати на Брисел: Упати порака преку Твитер

Македонскиот премиер и лидер на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски директно се им спротивстави на западните дипломати во Скопје.

Ден откако амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и на Европската унија во заедничка порака го повикаа ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ да го почитуваат Договорот од 15 јули за излезод политичката криза, Груевски одговори преку свој профил на Твитер.

Тој напиша на англиски: "Македонскиот народ одлучува за својата иднина!"

Во пораката на амбасадорите стои дека тие останале разочарани од средбата со Груевски поради непочитување на роковите утврдени во Договорот од 15 јули, а особено во делот за составот на преодната влада. Дипломатите го повикаа премиерот да го охрабри експертскиот тим да работи за финализирање на договорот.

Амбасадорите изразија незадоволство и од блокирањето на работата на специјалниот обвинител Катица Јанева, чиј тим останува преполовен.

Потсетуваме дека Договорот од 15 јули предвидува создавање на специјално обвинителство, промена на Изборниот закон и чистење на избирачките списоци, создавање на преодна влада и предвремени парламентарни избори на 24 април следната година.

Македонија падна во тешка политичка криза во почетокот на оваа година и Договорот од 15 јули требаше да доведе до нормализирање на ситуацијата во земјата и нормалното функционирање на државните институции.

Слично

Поврзани вести