Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски му порача на Заев да преспие и да ја преиспита одлуката за бојкот

Груевски му порача на Заев да преспие и да ја преиспита одлуката за бојкот
„На овие избори победи демократијата, победија граѓаните и Репуиблика Македонија. Имавме мирни, фер и демократски избори, какви и прилегаат на европска Македонија“, оцени претседателот Ѓорге Иванов,објавувајќи дека ја добил довербата на граѓаните за уште еден мандат на претседателската функција. Тој на неговиот противкандидат Пендаровски му честиташе за освоените гласови. „Сите вие што гласате за мене, за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „За подобра Македонија“, гласавте за себе, за своите семејства и за иднината на Македонија“, порача Иванов. Тој му се заблагодари на лидерот на партијата Никола Груевски за укажаната доверба повторно да биде кандидат за претседател. „Бев и ќе останам претседател на сите граѓани, независно од тоа за кого гласале. Пев и ќе останам еден за сите, да ги бранам интересите на целата држава. Работев и ќе работам само за народот и за граѓаните. На македонија и е потребен секој нејзин граѓанин, но потребна е и конструктивна опозиција“, рече Иванов. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Македонија денеска имаше мирни избори и демократски изборен ден. Тој им честиташе на сите граѓани на Македонија за „ефективните избори, без какви било посериозни инциденти“ со кои можат да се гордеат. „На овие избори ВМРО-ДПМНЕ доби двојна победа. Ѓорге Иванов доби доверба за втор мандат за пртетседател на Република Македонија. Него го поддржаа над 500.000 граѓани и тој победи со разлика од над 130.000 гласа. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на исто 92% обработени податоци, добија доверба од над 450.000 граѓани, што е за 181.000 гласови разлика споредено со СДСМ и нивната коалиција. На 92% преброени гласови се чини дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има 61 или 62 пратеника во Собранието. Ова е огромна, силна моќна победа! Ова е недвосмислена победа и јасно изразена волја на граѓаните на Република Македонија“, рече Груевски. Тој оцени дека на изборите победил концептот на одговорен пристап, посветеност, на добро пресметани ветувања и нивна реализација, но и концептот кој ги штити државните и националните интереси на Република Македонија. Според него СДСМ успеала да го победи ВМРО-ДПМНЕ само во општина Центар. „Ја почитувам волјата на граѓаните на општина Центар. Во наредниот период ќе се потрудиме да ги детектираме нашите грешки во оваа општина на кои граѓаните укажуваат“, рече Груевски. Тој се осврна и на одлуката на опозицијата да не ги признае изборните резултати. „Жалам што и покрај убедливата наша победа, заради личен интерес претседателот и дел од раководството на СДСМ решија да ја негираат волјата на народот. Не е единствен проблем што го потценуваат народот, туку што работат на штета на Република Македонија и на оние што не и сакаат добро на државата. Јас се надевам дека ќе преспијат и ќе ја преоценат својата одлука“, рече Груевски.
Слично

Поврзани вести