Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски му ја зема работата и на Ахмети: На ДУИ му посметаа коњите од Скопје 2014!

Груевски му ја зема работата и на Ахмети: На ДУИ му посметаа коњите од Скопје 2014!
После речиси една деценија од почетокот на изградбата на Скопје 2014 на ДУИ му посметаа дел од спомениците. Доколку не се изградеше барем еден коњ, Владата ќе можеше да им помогне на жителите на Шипковица изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи, висок функционер на ДУИ. Таа оваа изјава ја даде по посетата на Груевски на Шипковица каде експремиерот доби признание од граѓаните за неговото учество во надминување на штетите од поплавите. Со оваа посета Груевски практично му ја зема работата на Ахмети и Арифи кои не собраа храброст да се појават во селото. Затоа ваквата реакција на Арифи, која партиски извори на ВМРО ДПМНЕ засега не ја коментираат. Ова не е прв пат Груевски да влегува во атарот на Ахмети, а е дел од неговата поширока кампања како лидер на партија. Претходно посети и неколку македонски села каде ветуваше изградба на инфраструктура. Инаку додека траат вербалните пресметки вредно е да се одбележи дека речните корита и водотеците во Шипковица и Мала и Голема Речица и понатаму стојат нерегулирани,  а опасноста од нивно повторно излевање при нови обилни дождови е и натаму тука. За да се спречат поплави потребна е и санација на постојните иизградбата на нови заштитни брани на реката Пена.  
Слично

Поврзани вести