Груевски: Медиумите во Македонија се или на власта, или на опозицијата!
Проблемот во Македонија не е дека нема доволно медиумски слободи, а дека медиумите се партиски и ги одржуваат или власта, или опозицијата и многу малку се неутрални.
Тоа го изјави македонскиот премиер Никола Груевски во интервју за германскиот весник "Ди Пресе".
На прашање на медиумот дали смета дека во државата има тотална корупција, како што се тврди во извештајот на експертската група на ЕК, тој вели дека во највисоките ешалони на власта нема корупција, но тоа ќе го го реши конечно судот.
Според премиерот тој се согласува да се одржат предвремени избори уште овој јули, но Заев настојувал тие да се одржат во април следната година.
Во своето интервју Груевски дополни дека не се мачат земјата да не добие препорака за започнување на преговорите со ЕУ поради политичката криза. "Од досегашните препораки не добивме многу. Преговорите не беа почнати. Сепак повлекувањето на препораката ќе биде чекор назад", посочи тој.
Во однос на спорот за името со Грција и блокирањето на евроатлантските интеграции Груевски изјави дека земјите-членки на ЕУ прават премалку, за напредокот на Македонија и додаде дека "ЕУ е 100% концентрирана врз грчката криза и нема капацитет за ништо друго".
На прашање на весникот дали издигнување на статуи на Александар Велики исто така би можеле да се сметаат за контрапродуктивни Груевски рече дека Атина со години го провоцира Скопје и во Македонија има само две статуи поврзани со грчката историја.
