Груевски: Македонија нуди најдобри услови за бизнис во регионот
Странските компании кои работат во Македонија можат да потврдат дека оваа земја нуди најконкурентни услови за водење бизнис во целиот регион, изјави премиерот Никола Груевски синоќа на бизнис форум во Дизелдорф пред претставници на повеќе германски компании од автомобилскиот сектор, инфраструктурата, телекомуникациите, туризмот, банкарскиот и осигурителниот сектор.
Тој вели дека третманот на инвеститорите во Македонија е многу подобар од многу други земји.
„Ако дојдете ќе наидете на Влада која е многу пријателски насочена кон инвеститорите и бизнисот. Ние имаме тим кој на дневна база комуницира со нив“, истакна премиерот.Груевски пред инвеститорите ги презентирашпе поволностите за инвестирање во Македонија и реформите кои се преземаат за подобрување на бизнис климата.
„Имаме добра образована работна сила со добри работни навики и вештини и кои се лојални на компаниите“, истакна и вицепремерот Зоран Ставрески.Андреас Меер од компанијата „Кемет Електроникс“ вели дека во Македонија дошле во 2010 година откако дознале за земјата од Си-Ен-Ен.
„Откако донесовме одлука да проширување на нашето производство разгледувавме повеќе места во ЈИЕ, меѓу нив и Македонија. Дојдовме и ги добивме сите потребни информации од претставници на Владата до кои имавме пристап“, рече Меер, кој додаде дека тоа била една од причините да донесат одлука да инвестираат во Македонија, како и ниските трошоци за бизнис.Груевски и владиниот економсмки тим продолжуваат во Штутгард, каде исто така ќе се одржи бизнис форум, во соработка со „Фајненшел Тајмс“.
Слично
