Груевски: Македонија нема претензии кон соседите
Македонија нема претензии кон соседите, изјавил лидерот на ВМРО-ДПОМНЕ Никола Груевски во интервју за грчкиот весник „То Вима“.
„Ние сме она што се чувствуваме и она што се нарекуваме. Македонската нација и држава постоеле и ќе продолжат да постојат. Никој и никогаш не успеал да забрани нечиј идентитет. Станува збор за внатрешни чувства и не може лист хартија да му наметне на некого како да се чувствува“, изјавил Груевски.
„Спорот за името е апсурден и за жал ја блокира нашата интеграција во евроатлантските структури и станува дел во врска со нашиот идентитет како народ. Имаме сериозен интерес да се најде решение на проблемот, но не по цена на компромис со нашиот идентитет“, посочил Груевски.
Слично
