Груевски: Македонија нема да дозволи да ја води политичар како Заев
„Македонија нема да дозволи да ја води политичар како Зоран Заев и овој човек никогаш нема да стане премиер на нашата земја“, ова го истакна премиерот Груевски на вечерашниот собир на владеачката партија.
Тој додаде „со креирани материјали и лажни воведи, Заев мислеше дека ќе не исплашат со терористички банди, мислеше дека ќе потклекнеме и ќе се предадеме, но вечерва го добија одговорот „Македонија не се предава, Македонија е силна“.
Вечерва по бројност како никогаш до сега, река од народ, река од достоинствен, цврст, слободоумен и горд народ кој што знае да препознае кога некој го манипулира, заведува, лаже, кога препознава кога некој има нечесни намери, рече уште Груевски.
-Кулминира нашата битка за идеалите во кои веруваме. Девет години ја водиме оваа држава низ тешки предизвици, свесни за бројните проблеми. Македонија овие 3,5 месеци е под жесток напад. Како никогаш досега не се браниме, ретко како кога молчиме и чекаме да помине. Нашите реакции досега не беа реакции, ние молчевме, но доста беше. Македонија време е да одговори, посочи Груевски.
Премиерот истакна дека народот знае кој е и зошто е.



