Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Довербата на избори ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ

Груевски: Довербата на избори ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска по повод 25-годишнината на Унијата на млади сили изјави дека во наредните 4 или 10 месеци, како и да е, Македонија ќе стави крај на оваа политичка игра и политичка хајка.

Груевски додава дека избори ќе има, а довербата ќе ја добие повторно ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека колку побрзо се случат изборите, толку подобро ќе биде и економијата нема да трпи штети.

„СДСМ смета дека колку подолго има такви штети по економијата, дека тоа оди во нивна корист, во смисла дека луѓето ќе помислат дека одеднаш сме заборавиле да ја водиме економијата како што ја водевме, па треба нив да ги одберат на избори. А штети има. Иако успеваме да ја држиме економијата со стабилен раст, факт е дека без оваа вештачки наметната криза, растот на економијата ќе беше поголем, и ќе имаше и повеќе инвестиции и вработувања и повисок стандард, плати, и заработка, што ќе го подобреше животот. Нашите опоненти, одговорот ќе го добијат од граѓаните на следните избори. Колку подоцна се одржат, поголема ќе е казната кон СДСМ поради овие негови политики и штети кои ги прави на сите граѓани“- рече Груевски пред членството.

Груевски вели дека на прво место пред партијата, е државата и нејзиниот интерес, како и интересот на народот, по цена за тоа да се жртвуваат одредени партиски или нечии лични интереси. Тој зборуваше и за проектите за млади кои се спроведуваат и со кои придонел за нив.

Слично

Поврзани вести