Груевски : Македонија има план Б за кризата
’’Во тој случај , јас верувам дека Европската Унија има капацитет и сили да се справи со една таква ситуација .. Инаку и Македонија ги разгледува сите варијанти . Со економскиот совет и со гувернерот на НБРМ повеќе пати е разговарано доколку дојде до таква ситуација и кои би биле предизвиците за Македонија... Можам да кажам дека ги имаме добро разработено сите опции што може да се случат . Она што можам да го кажам е дека грчките банки во земјава се безбедни, според она што го има кажано гувернерот . Денарот е стабилен , девизните резерви се највисоки досега , исто така стабилен е банкраскиот систем во целина . Да се надеваме дека до тоа нема да дојде, но доколку дојде , уверен сум дека и Европската Унија и ние ќе најдеме начин да се справиме со тоа
Слично
