Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Македонија е земја со стабилна економија

Груевски: Македонија е земја со стабилна економија
Македонија е земја која нуди најниски трошоци за инвеститорите и одлична работна сила, која пред се е високообразована. Македонија е земја која има стабилна економија и стабилна политичка атмосфера. Ние сме земја ориентирана кон НАТО и ЕУ. Ова го истакна премиерот Никола Груевски, во своето обраќање на Вториот Глобален инвестициски самит во Охрид. - Земјава во последните години забележа сериозен прогрес во подобрување на деловната бизнис клима. Светската банка тоа будно го следи и ги рангира земјите во Извештајот наречен „Doing Business“. Македонија на оваа листа од 94-то место се искачи на 23-тото. Нема да застанеме, ќе напредуваме уште со подобри реформи за подобра бизнис клима - истакна Груевски. Тој потенцира дека невработеноста и понатаму ќе остане во главниот фокус на Владата. - Македонија има прилично стабилна економска ситуација, низок државен долг, што е четврт најнизок долг во Европа. Имаме стабилна валута врзана за еврото, како и прилично стабилна макроекономска ситуација. Отворивме технолошко-индустриски развојни зони. Во нив инвеститорите добиваат земјиште по поволна цена и ослободување од данок. Многу важни компании дојдоа во Македонија со своја инвестиција - посочи Груевски, набројувајќи ги сите важни компании кои изминативе години инвестираа во Република Македонија. Глобалниот инвестициски самит претставува одлична можност за промоција на инвестициските можности кои ги нуди Македонија и претставување на поволностите кои им стојат на располагање на странските инвеститори. Ќе присуствуваат компании од преку 20 држави, вклучувајќи ги САД, Австралија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Турција, Унгарија. Има реномирани менаџери и специјалисти од 30 светски познати компании како Phillips USA, Telus Canada, Canadian Bombardier, Deutsche Telekom Group, MindTree India, Acibadem Turkey
Слично

Поврзани вести