Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Лекарите мора да прифатат плата по учинок

Груевски: Лекарите мора да прифатат плата по учинок
И проектите како воведувањето на ДДВ и фискални каси предизвикаа голем револт кај граѓаните мислејќи дека со нив ќе пропадне македонската економија, па на крај се покажаа како добри и реформски. Вака одговори премиерот Никола Груевски на прашањето на пратеникот од СДСМ, Менде Диневски кој праша кога ќе биде ставен во мирување проектот во здравството, плата по учинок. „Едно истражување спроведено меѓу лекари и специјалисти покажало дека 94,7% сметаат дека не е фер проектот, 89% сметаат дека се однесува негативно во колективот, 76,6% велат дека непотребно го стимулира бројот на прегледи, 53 %сметаат дека негативно се одразува врз пациентите. Лекарите велат дека се случува на едно дежурство да има 15 пациенти а на друго само 3, и сега премиере дали тој што имал 3 пациенти да има помала плата? Па тие не работат во фабрика па да фаќаат норма“, праша Динески. Цитирајќи ја стратегијата во здравството, премиерот Груевски истакна дека морало да се мери и работењето на лекарите и дека така ќе биле стимулирани да работат повеќе и да вложуваат во себе. „Цврсто сме убедени дека мрката ќе помогне лекарите повеќе да вложуваат во пациентите. Со тек на време ќе се види дека ова е добра мерка“, додаде Груевски.
Слично

Поврзани вести