Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Кризата ќе се реши и од неа ќе излеземе посилни и помудри

Груевски: Кризата ќе се реши и од неа ќе излеземе посилни и помудри

Во услови на акутна политичка криза владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со нов проект на партиската програма.

Ова го објави во свое обраќање лидерот Никола Груевски.

Во основата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја заштитиме нашата држава и ве уверувам дека ќе успееме и ќе победиме, бидејќи народот е силен, со јасно сознание и многу добро знае што се случува. И кога е тешко, ВМРО-ДПМНЕ, секогаш била со народот, околу ВМРО-ДПМНЕ се собирале сите кои ја сакаат слободата и независноста на земјата, рече Груевски.

Досега сме се справиле со многу опасности и сме ги надминувале предизвиците со мудрост и правилен избор на решенија, водејќи се секогаш од националните и државни интереси и интересите на народот, додаде тој.

Според него „политичката криза ќе се реши и сите ќе излеземе многу посилни од сето тоа, но и помудри. Нема поголема сила од народот, а секој кој тргнал против народот оди кон пропаст“, истакна Груевски.

Народот застанува против сценаријата за дестабилизација, против уништувањето на мирот и соживотот. Македонија е многу повеќе од тоа. Овој народ и оваа држава имаат капацитет да ги надминат овие проблеми, како што се надминувале и во минатото.

Сето ова ќе помине и конечно сите ќе треба да се погледнеме во огледало и ние кои сме сега со народот, а и оние кои се од другата страна. Историјата и народот ќе суди за улогите, изјави Груевски, посакувајќи спокојни и радосни денови за сите кои ќе го слават Велигден.

Слично

Поврзани вести