Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ: Кој протестира против државниот испит, партиски е мотивиран!

ГРУЕВСКИ: Кој протестира против државниот испит, партиски е мотивиран!
Концептот за државен испит на факултетите веќе е доволно објаснет, па ако првиот пат студентите кои протестираа не беа доволно информирани, сега се јасно партиски мотивирани, вели премиерот Никола Груевски. Тој ги коментираше најавите на студентите за нови протести, на кои се најавува можност да се приклучат и средношколци и родители. „Сега се знае дека станува збор за државен испит, а не за екстерно тестирање и за тоа дека овие два концепти се сосема различни. Исто така, се знае дека државниот испит не ги опфаќа сегашните студенти, туку идните. Сега, се повеќе е јасно дека оваа помала група која ќе излезе на следниот протест, се партиски мотивирани. Најголем дел од нив се од подмладокот на СДСМ и од невладините организации финансирани од Владимир Милчин и СОРОС“, обвинува премиерот. Тој смета дека едни исти лица се појавуваат на сите протести против Владата и по потреба се претставуваат како земјоделци, студенти или стечајци.
Слично

Поврзани вести