Груевски: Ќе преговараме со опозицијата, предвремени избори нема да има!
Владата не размислува за нови предвремени избори, туку за изборите во 2018 година, рече премиерот Никола Груевски на денешниот отчет за првите 100 дена од работата на оваа Влада.
На овој начин Груевски ги отфрли шпекулациите дека предвремените избори би можеле да бидат излез од актуелната политичка криза во земјата.
Наместо ова, премиерот нагласи дека ќе вложи напори за отпочнување на дијалогот со опозицијата.
„Но, никако нема да дозволиме граѓаните и нивната слободно изразена волја да бидат уценувани или да се создаваат преседани кои понатаму ќе воведат лоши практики и ќе срушат смислата на слободно дадениот глас и поддршка на некоја политичка опција“, рече Груевски.
Засега нема најави за нова средба меѓу власта и опозицијата за да се изнајде начин за враќање на опозицијата во институциите.
Слично
