Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ќе им се обрати на синдикалците

Груевски ќе им се обрати на синдикалците
Премиерот Никола Груевски денеска ќе се обрати пред претставници на синдикатите во Македонија. Средбата се одржува во Домот на Армијата. Повеќе детали за тоа што ќе им соопшти Груевски на синдикалците нема. Во изминатиот период, Владата усогласуваше со синдикатот неколку законски решенија. Последни беа измените во Законот за администрација. Синдикатот и Министерството за информатичко општество и администрација се договорија да го зголемат влијанието на синдикалните претставници во оценката за работата на административците, а да го намалат она на директорот.
Слично

Поврзани вести