Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ќе го тужи Заев за обвинувањата

Груевски ќе го тужи Заев за обвинувањата
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со тужба за клевета ќе одговори на обвинувањата од неговиот опонент, опозицискиот лидер Зоран Заев според кои зел на рака 1,5 милиони евра за продажбата на Македонска банка. „Груевски никогаш и од никого нема земено никакви пари. Ниту ја купувал, ниту ја продавал Македонска банка“, со соопштение реагираат од владејачката партија. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе поднесе тужба за клевета. Досега беа толерирани безброј лаги, навреди и манипулации, но денес Зоран Заев отиде предалеку. Оваа лага е премногу и нема така лесно да помине“, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму, изразуваат чудење како може човек што бил „аболициран за криминал, да лаже и да измислува“. „СДСМ беше на власт во периодот за кој тој зборува, во 2003. и 2004. година и ако имало нешто, немало да толерираат, посебно знаејќи го фактот дека многу пати се обидуваа да најдат што било против Никола Груевски. Ако имало макар ситница, Никола Груевски немаше да стане премиер заради тоа што цела влада на СДСМ се обидуваше да најде барем нешто против него“, реагираат од партијата на власт. Заев денеска го обвини Груевски дека лично ја продал Македонска банка, а за зделката, покрај сумата наведена во договорите, за себе зел уште 1,5 милиони евра од контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како газда Нини.
Слично

Поврзани вести