Груевски ќе ангажира странци за да ги олеснат контактите на домашните и странски компании
Владата има намера да ангажира странска корпорација, која ќе помогне да се симне бариерата во остварување на деловните контакти, најави премиерот Никола Груевски на денешната средба со странските инвеститори и домашните компании во Македонија.
Премиерот оцени дека соработката меѓу инвеститорите кои доаѓаат во земјава и локалните бизнисмени не е на задоволително ниво и побара унапредување на контактите.
Околу 20 странски инвеститори се претставија на денешната средба пред македонски компании од трите стопански комори, во обид да ги запознаат со нивната работа и да ги испитаат можностите за меѓусебна соработка.
Слично
