Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Ќе си заминам, кога народот ќе одлучи на избори

Груевски: Ќе си заминам, кога народот ќе одлучи на избори

Двете најголеми политички партии во Македонија - владејачката на премиерот Никола Груевски и опозициската Социјалдемократски сојуз (СДСМ), си упатија официјални пораки и тешки обвинувања.

Во кусото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ се тврди дека Зоран Заев е како „амнестиран криминалец кој носи вина и е творец на кризата, заедно со неговите соработници“.

„Груевски ќе замине од власта, кога народот ќе одлучи на избори и направи таква проценка, а не кога амнестираниот криминалец Заев ќе го побара тоа. Амнестираниот криминалец Заев нема да дочека да гледа таков филм“, се вели во соопштението од партијата на Груевски.

Неколку часа пред тоа СДСМ го обвини „лично Никола Груевски и неговите најблиски соработници за криминалното управување, уништување на економијата, демократијата и европската перспектива на земјата“.

„Соочен со заминувањето на власта Никола Груевски очигледно има потреба да направи сè за да ја задржи функцијата. Само заминувањето на Груевски и создавање на преодна влада може да обезбедат слободни, демократски и фер избори и да ја нормализираат Република Македонија“, се вели уште во пораката на СДСМ.

Во меѓувреме вчера во Скопје имаше протест, со учество претежно на етнички Албанци. Тие побараа оставка на владата на Никола Груевски и неговиот партнер во владејачката коалиција, лидер на најпопуларната албанска партија „Демократска унија за интеграција“ Али Ахмети, обвинувајќи ги за корупција, криминални дејствија и непочитување на правата на албанското етничко малцинство.

Протестот на македонските Албанци се одржа независно од тековните неколку недели протести организирани од главната опозициска партија во земјата, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Акцијата, е организирана од различни здруженија и невладини организации, и поминала мирно и без инциденти.

Слично

Поврзани вести