Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ќе шета по градови и села и ќе исполнува желби

Груевски ќе шета по градови и села и ќе исполнува желби

Новата изборна кампања на владејачката партија ќе се пишува на терен, шетајќи во градови и запуштени села, а  членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да ги исполнуваат желбите на народот.

Четири тимови на во предизборниот период со штандови и трибини ќе патуваат низ Македонија. Ова го најави денеска претседателот на партијата и премиер Никола Груевски.

„Посакувам „бомбардирање“ со идеи кои ние ќе ги восприемиме и запишуваме, ќе ги анализираме и силно ќе им се посветиме, ќе бараме начин да ги ставиме во рамка и со оние кои ќе ги оцениме како остварливи потоа ќе се фатиме во костец да ги реализираме. Ние нема да го смениме зборот и нема да бегаме. Вие со години ги гледате нашите очи,а не нашиот грб, затоа што ние имаме смелост и чест да ве погледнеме во очи, рече Груевски пред членството на партијата.” – рече Груевски

Тимовите ќе бидат составени од раководството на ДПМНЕ и експерти, и како што вели тој, ќе бидат задолжени идејата на граѓанинот да ја преточат во дело.

Слично

Поврзани вести