Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ќе поднесе оставка на 10 јануари?

Груевски ќе поднесе оставка на 10 јануари?

10 јануари е датумот кога премиерот Никола Груевски ќе ја ковертира оставката до законодавниот дом.

Овој конкретен датум во интервју за Алсат прв го соопшти коалициониот партнер на владеачката ДУИ Али Ахмети.

Рокот за поднесува на оставка согласно договорот од Пржино за излез од политичката криза почна да тече од 15 декември.

Како што предвидува договорот после пет дена откако Премиерот ќе поднесе оставка Парламентот треба да ја избере „преодната влада“.

Еврокомесарот Хан најави посета на Македонија во првата половина на јануари па  процедурата за конституирање на преодната влада би се совпаднала со неговото доаѓање.

Од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ засега не ја коментираат изјавата на лидерот на ДУИ Ахмети, сепак не очекуваат значителни промени во министерскиот состав по смената на челникот на Владата.

Во новата влада сепак треба да останат новоизбраните министри од редовите на СДСМ: Оливер Спасовски во МВР и Фросина Ременски во труд и социјална политика, како и дополнителните заменик-министри во пет ресори.

Слично

Поврзани вести