Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски од митингот во Скопје: овој народ ќе поддржи конкретни економски дела и проекти, а не транзициски политичари!

Груевски од митингот во Скопје: овој народ ќе поддржи конкретни економски дела и проекти, а не транзициски политичари!
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски од големиот митинг во Скопје и порача на опозицијата дека нема што да бараат на овие избори. - Одамна говорат за надминати теми од типот на демократија, слобода, отпор, нашите политички соперници не сфаќаат дека времето се промени дека интензивно се спроведуваат реформи. Народот не сака сеење страв и дефетизам и мрачни сценарија. Не нарекувајте го нашиот народ плашлив, нашиот народ не се плаши, тој е горд, храбар, слободен, работлив, посветен и помудар од оние што сакаат да создадат хаос. Овој народ знае да процени и да награди и тие карактеристики ги покажа кога во 2006 та ја симна СДСМ од власт и нема да дозволи истите луѓе пак да се вратат и да го потценуваат, рече Груевски. Овој народ поддржува дела и ветувања што се остваруваат, смета Груевски -Народот научи да прави разлика меѓу разграбувањето на фирмите и нашите напори да се привлечат инвеститори и да се отворат нови работни места. Главниот столб на нашата економија, фирмите видоа што значи да се има Влада, која ќе помогне кога е потребно. Видоа каква поддршка се дава со субвенционирани кредити за нови работни места. Знаат што значи економски стабилна и цврста земја и една од најниско задолжените земји во Европа. Знаат и земјоделците и пензионерите, со зголемувањето на субвенциите, со зголемувањето на пензиите, вели Груевски, и додаде дека сето  тоа се случува во време на економска криза. Груевски се осврна и на обвинувањата за големиот број на рекламни кампањи на Владата. - Што да рекламира Бранко Црвенковски и СДСМ. Дали да го рекламира времето кога ја имаа довербата, кога масовно го кршеа ембаргото со шверцот на цигари, да ги рекламираат новосоздадените олигарси или армијата од 200 000 стечајци. Дали да го рекламираат ТАТ или тоа што го промениле името на државата во Бивша Југословенска Република Македонија или проектот кој Бранко Црвенковски го ветил дека ќе вработи по еден член од секое семејство, праша Груевски. Груевски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ знае дека довербата тешко се стекнува, а лесно се губи, затоа како што рече, со големо внимание ги одбираат кандидатите за градоначалници и советници.
Слично

Поврзани вести