Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Јужниот сосед ја користи финансиската криза за да не се реши проблемот со името

Груевски: Јужниот сосед ја користи финансиската криза за да не се реши проблемот со името
Синоќа Штип беше градот кој ги собра владините лидери, од премиерот Никола Груевски, повеќе министри, се до директори на државните и јавни претпријатија беа дел од трибината давајќи отчет за сработеното. Партискиот лидер, Груевски истакна дека  реформите продолжуваат, посочи дека ги исполнуваат ветувањата, привлекуваат странски инвеститори. „Останавме посветени на заложбата дека ќе водиме грижа за сите, да правиме закони и реформи независно дали за луѓето од здравството, социјалата, земјоделството, администрацијата или пензионерите. Ние не дадовме ветување дека пензиите ќе ги зголемиме, но кога видовме дека тоа може да се направи, го реализиравме. Сега во буџетот за наредната година е предвидено покачување на пензиите за пет отсто, од март, планирани се повторно бесплатен превоз и бања за пензионерите. Од март наредната година ќе се зголеми за пет проценти и социјалната помош. Го користиме максимумот за да им помогнеме на овие лица. Имавме акција за вработување 1.600 лица, првпат во историјата на Македонија, со што шанса за вработување добија социјалните случаи, невработените. Сега имаме оглас за 300 лица со хендикеп“, посочи Груевски. Во отчетот додаде дека ќе растат и платите на администрацијата, најави дека ќе се градат автопати, се осврна на евроинтегративните процеси. „ Покажавме голема грижа како да влеземе во НАТО и ЕУ, но од исклучителна важност е како ќе се реши името“, рече Груевски според кој на Грција во прилог и оди финансиската криза и ја  користи за да не се реши проблемот со името. Но тоа не значи, додаде тој,  дека Македонија треба да ги распродаде своите национални вредности. Свои обраќања на трибината имаа и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Сите тие најавија дека проектите ќе продолжат и во текот на идната година.
Слично

Поврзани вести