Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ја призна катастрофалната состојба во студентските домови

Груевски ја призна катастрофалната состојба во студентските домови
Студентите се во право, постои пропуст со доцнењето на реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“, призна премиерот Никола Груевски кој вечерва гостуваше во Дневникот на ТВ Сител. Реакциите во јавноста беа жестоки, и од студентите, но и од граѓаните, откако светот го обиколија фотографии од катастрофалната состојба во која се наоѓа студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, далеку полоша од онаа во норвешки затвор. „Она што можам да го кажам е дека веќе на следната седница ќе донесам заклучок за итен почеток на правење на проект за реконструкција на Студентскиот дом "Гоце Делчев“, рече Груевски вечерва. Ресорното Министерство за образование најавуваше дека реконструкцијата на Домот ќе започне на лето, но студентите не беа задоволни, па најавуваа и протести со барање за итно подобрување на условите во кои живеат.
Слично

Поврзани вести