Груевски ја почна тунејата на Далечниот Исток – се сретна со јапонскиот принц Нарухито
Средбата со јапонскиот принц Нарухито е прва активност на премиерот Никола Груевски кој од денеска е на повеќедневна турнеја низ неколку азиски земји: Јапонија, Кореја и Кина.
Според соопштението од владината прес служба, соговорниците позитивно ги оцениле политичките односи меѓу двете земји и ја истакнале позитивната соработка и на билатерален и на мултилатерален план.
Освен ова разговарал и за продлабочувањето и интензивирањето на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите. Во тој контекст, Груевски информирал за поволностите и предностите кои нашата земја ги овозможува на странските инвеститори за отворање на капацитети и водење на бизнис, при што ја нагласил интенцијата на македонската Влада за привлекување и на јапонски инвеститори и компании чии планови се ширење на своите бизниси и пазари во Европа.
„Со оглед дека се работи за личност која е во постојана комуникација со најголемите политички и економски авторитети во Јапонија, беше многу важно да го информирам за деталите за правење бизнис во Македонија, за политичкиот моментум и за нашите следни чекори и на политички план односно европските и евроатлански интеграции, и на економски план во однос на одличната бизнис клима која ја искреиравме и условите за правење бизнис како на домашните така и на странските компании“, истакна премиерот Груевски по средбата.
Дел од владината делегација која е на турнеја низ азиските земји се и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, како и владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Слично
