Груевски: Извештајот на СЕФ за конкурентноста е доказ за успешноста на реформите
Извештајот за конкурентност на Светскиот економски форум, во кој Македонија забележа скок од седум места, е доказ за успешното работење и реформите во државата кои се клучни за економскиот развој, изјави денеска во Миравци премиерот, Никола Груевски.
- По прв пат во историјата имаме скок од седум позиции. Тоа е клучно за развојот на економијата, тоа е доказ за успешното работење, промените и реформите. Не само што донесовме закони, туку и ги имплементиравме, а тоа се цени при подготовката на овој извештај - рече Груевски.
Тој нагласи дека Македонија е земја со најголем раст во регионот и над просекот во регионот.
Слично
