Груевски: Извештајот на ММФ ја отсликува реалната работа на Владата
Според последниот извештај на ММФ Македонија се наоѓа меѓу петте најмалку задолжени земји во регионот.
Денес премиерот на Владата Никола Груевски, истакна дека овој извештај ја отсликува релноста и ја покажува работата на Владата.
„Тоа што Македонија е во петте најниско задолжени земји покажа во последниот Извештај на ММФ и оти странските инвестиции ќе отворат нови 30 илјади работни места е валоризација на работата на Владата и демаскирање на лажната слика која ја претставувала опозицијата дека власта ја презадолжува земјата, дека ќе има крах, дека долгот е екстремно висок“ , истакна премиерот.
Премиерот е задоволен од тоа што во извештајот се споменуваат задолжувањата, но и дека истите се прават поради крупни капитални проекти, како железничката пруга, новите автопати, инвестиците во здравствотот , енергетката.
Со државен долг од околу 36 отсто и јавен долг од околу 43 проценти Македонија е држава помеѓу петте најниско задолжени држави, смета премиерот.
