Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Избори ќе има, СДСМ: Не на 24 април!

Груевски: Избори ќе има, СДСМ: Не на 24 април!

Треба и ќе има фер, слободни и демократски избори на 24 април во Република Македонија. Тоа, го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

„Тоа е желбата на граѓаните на Македонија, тоа е желба на ВМРО-ДПМНЕ, на коалициските партнери, на останатите политички партии и на мнозинството - за да се стави крај на оваа политичка криза, која не влече назад, вклучувајќи ја и економијата и евроатлантските намери на земјава“, изјави Груевски за телевизија „Сител “.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ опозициската СДСМ и лично нејзиниот лидер Зоран Заев сакале предвремени избори, но сега бегаат од гласање.

Груевски тврди дека СДСМ не се интересира и од расчистување на избирачкиот список, а желбата е да се претворат во главен цензор во медиумите.

Веднаш по интервјуто на Никола Груевски СДСМ објави реакција во која се вели дека „слободни, фер и демократски избори ќе има, но не и на 24 април“.

Слично

Поврзани вести