Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски исклучи можност од предвремени избори, СДСМ ги враќа пратеничките мандати!

Груевски исклучи можност од предвремени избори, СДСМ ги враќа пратеничките мандати!
Предвремени парламентарни избори или само локални? Оваа дилема не се расчисисти ниту денеска откако политичките партии останаа длабоко вкопани во своите партиски ровови, и дури го продлабочија јазот. СДСМ најави враќање на пратеничките мандати, а Груевски ја исклучи можноста од нови избори. СДСМ повика на одржување фер и демократски парламентарни избори како единствен начин за излез од полиитчката криза. Генералниот секретар на партијата Андреј Петров вели дека, наспроти изјавите на Премиерот Груевски, СДСМ не се повлекува и дека ќе одат до крај за остварување на целта, враќање на демократијата и нови парламентарни избори. -Сакам да порачам да не се лажат од власта дека СДСМ омекнува во своите позиции. СДСМ не само што има намера до крај да опстои на своите позиции спремен е во овој период да разговара, но без договор за одржување предвремени парламентарни избори СДСМ нема да се врати во парламентот и нема да учествува на претстојните локални избори. Петров дури најави и враќање на пратеничките мандати -Ќе ги вратиме мандатите, а целокупната одговорност за продлабочување на политичката криза, која е најголема во последните 10 години ќе биде на контото на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ние тоа не го посакуваме тоа, меѓутоа немаме намера да прифаќаме ултиматум од страна на Груевски – вели Петров. Според Петров се помали се шансите да се надмине оваа состојба. Премиерот Никола Груевски, пак од Куманово, на промоцијата на кандидатот за градоначалник порача дека предвремени парламентарни избори нема да има, ниту со локалните, ниту наредната година. Тој го повика Црвенковски да се појави на локалните избори. - Свирежите по улиците на опозицијата ќе траат само неколку дена- потоа партијата на Црвенковски има две алтернативи- или да се појави во парламентот и на локалните избори или да го запише СДСМ во политичката историја, рече Груевски. До политичка криза во земјата дојде по буџетските настани, кога пратениците на опозицијата беа исфрлени од собранието, а Буџетот беше изгласан без амандманите на СДСМ и останатите опозициски пратеници. Оттогаш наваму почнаа серија протести на опозицијата низ целата држава. Власта, во меѓувреме ги закажа локалните избори за 24 март. СДСМ бара, заедно со локалните одржување и на парламентарни избори. Ј.Ј.
Слично

Поврзани вести