Груевски: има инвеститори што сакаат да вложат во Македонија
Премиерот Никола Груевски на денешниот насовен собир во Штип ги потсети граѓаните дека не смеат да дозволат да бидат закрвени по ниту една основа.
-Има се поголем број инвеститори кои сакаат да инвестираат, набргу ќе соопштиме уште, тоа значи нови работни места, тоа значи помош за македонската економија, ангажман на домашни компании, директна помош за македонските семејства. Слушам во последно време се почесто се зборува дека откако видоа дека ова што го прават не им проаѓа кај граѓаните, ќе пробаат да инсценираат и да искреираат случај кој ќе разгори меѓуетнички тензии. Мора сите да бидеме максимално присебни и да не дозволиме да го направат финалето за кое оваа нивна операција е измислена. Да не дозволиме да не закрват ниту по политички ниту по етнички линии, апелираше премиерот.
Однесувањето на опозициската партија покажува многу јасно дека тие се крајно исплашени, дека се конфузни, дека се во хаос, затоа што сфаќаат дека ова не им проаѓа, и покрај сето нивно силење, и покрај агресијата што ја демонстрираат, тоа се само ситни души кои тргнаа против сопствениот народ и сопствената држава и ништо повеќе од тоа, изјави Груевски на собирот.
-Тие знаат дека се прочитани. Но мораат да се храбрат, па така ги слушаме најавуваат се и сешто, па долго ќе траело, па ќе држеле собири низ градови и ќе настапувале порадикално, ова Заев се силел пред неговите неодамна, па којзнае што ќе објавеле и ние демек од тоа треба да се уплашиме и да прифатиме дека со сечените, монтираните и креирани телефонски разговори, ние треба да се повлечеме и на соработникот на странските служби, без избори и народна волја да му ја дадеме државата да ја раководел и да ги решавал големите прашања, а на странската служба да и го направиме меракот и да и ја реализираме целта. Ние знаеме што правите и за кого и за чии интереси работите! Народот не ви се плаши, народот ве прочита и ова не ви поминува! Македонија знае да ја препознае разликата и да види што правите, рече премиерот.
Слично
