Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ: Или нови избори во октомври, или СДСМ да си изгласа извештај каков што сака!

ГРУЕВСКИ: Или нови избори во октомври, или СДСМ да си изгласа извештај каков што сака!
Премиерот Груевски понуди две алтернативи за излез од политичката криза, во која повторно се најде Македонија откако комисијата не најде компромисно решение за правните квалификации за настаните од 24 декември. Според Груевски СДСМ може да избира меѓу две опции. Првата е да донесе извештај каков што сака, со прегласување во комисијата, во која ВМРО ДПМНЕ би дозволил да се избере нов претседател по волја на СДСМ(доколку Давитковски не сака да гласа). Таа комисија би гласала за заклучоците како што сака СДСМ, и тоа според Груевски може да се направи веќе утре. Втората опција се предвремени избори на 13 октомври. По тие предвремени избори комисијата ќе изгласа заклучоци, зависно од резултатот на изборите, вели Груевски. На тој начин, според него народот ќе каже како би изгледал извештајот на комисијата, и кој бил во право за 24 декември. Изборите би се одржале во октомври, вели Груевски, за да се пресретне извештајот на ЕК за Македонија за да може повторно да се добие препораката за почеток на преговорите со ЕУ.
Слично

Поврзани вести