Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и Заев за Рамазан Бајрам повикаа на спокој, мир и одржување на вековно пријателство

Груевски и Заев за Рамазан Бајрам повикаа на спокој, мир и одржување на вековно пријателство

По повод Рамазан Бајрам премиерот и опозицискиот лидер, како и нивните партии упатија искрени честитки до претседателот на ИЗ  Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

Премиерот водејќи се по традицијата истакна дека споделувањето на овие моменти со најблиските го зацврстува семејството и ги пренесува обичаите и културата на идните генерации, при тоа напоменувајќи дека пораките за мир , добрина и милост која тие ја носат се дел од културното богатство и религиозниот диверзитет кои се и столбовите на демократијата, добрососедството и соживотот промовирани во Македонија секогаш како најважни.

Груевски искажа верба во понатамошно одржување на вековното пријателство и разбирање помеѓу нашите заедници, како што тоа било пракса со генерации во минатото.

Опозцискиот лидер Зоран Заев пак во име на партијата која ја раководи СДСМ, повика празничните денови после светиот месец да продолжат со  спокој, со мир во душата, љубов и внимание, трпение и разбирање, почитување и толеранција, со споделување на овие духовни вредности меѓу најблиските и со сограѓаните во Република Македонија.

Тој напомена дека водејќи се од овие темели на една личност и заеднички живот, покажале дека е можно да се биде единствен, сплотен , посилен, поподготвен за надминување на предизвиците кон обезбедување среќен и достоинствен живот за сите граѓани во општеството во кое што живееме и повика заеднички да продолжат сите чекорејќи по тој пат.

Слично

Поврзани вести