Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и Заев утре треба да се соочат пред суд

Груевски и Заев утре треба да се соочат пред суд
Судскиот процес во кој премиерот Никола Груевски го тужи лидерот на СДСМ Зоран Заев за клевета во случајот „Македонска банка“ продолжува утре. Во судница треба да бидат сослушани Груевски и Заев. „Очекувам во секој случај утре да се појави и тужителот, премиерот Груевски и покрај неговата повреда на ногата. Се надевам дека таа повреда не е нешто драматична. Но, ако не може да се качи на третиот кат, можеме и ние да се симнеме, има судници и подолу, така што искрено очекувам тој да дојде“, рече адвокатот на Заев, Мирослав Вуиќ. МАЛЕРОЗЕН РОДЕНДЕН ЗА ГРУЕВСКИ: Се повредил на џогинг! На денешното прво рочиште сведочеше српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ - Нини, кој според тврдењата на опозицијата дал поткуп за купување на мнозинскиот пакет акции во Македонска банка. Иако беше предложен од тимот на Заев, Нини сепак сведочеше во корист на Груевски и се изјасни дека не го познава и дека никогаш со него не ја договарал продажбата на банката. Газда Нини сведочеше на суд во корист на Груевски Одбраната на Заев се обиде во последен момент да го повлече овој сведок, но не и беше дозволено. Вуиќ притоа изјави дека за првпат во македонското судство се забранува некому да располага со свои докази.
Слично

Поврзани вести