Груевски и Заев, Тачи и Ахмети – очи в очи, но без договор
Состанокот на лидерите на четирите највлијателни политички партии без опипливи резултати, па Скопје полека се подготвува за големиот митинг и контрамитинг на противниците и поддржувачите на Владата на Никола Груевски.
На состанокот присуствуваа и албанските лидери со присуство на амбасадорите на САД и ЕУ.
Обидот на амбасадорите на САД и ЕУ да издејствуваат политички догово пред најавените големи митинзи на власта и опозицијата во Скопје, заврши во петокот вечерта со неуспех, бидејќи премиерот Груевски и лидерот на опозицијата Заев не отстапија од претходните спротивни визии за начините на излез од кризата.
„После тешката недела во земјата, се состанавме како заеднички би дале поддршка на демократските вредности, вклучувајќи го и правото на мирен протест и осуда за насилство без разлика дали методите се политички или поврзани со криминал. Ќе го продолжиме дијалогот за унапредување на евроатланската агенда за добро на граѓаните“, се наведува во соопштението од состанокот на македонските политички лидери.
Конкретно, Заев и Груевски ништо не се договориле, па новиот состанок, со присуство на Али Ахмети и Мендух Тачи, со посредство на амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, е закажан за во понеделник.
Како и пред влезот во зградата на Собранието, Груевски и Заев останаа цврсто при ставовите со кои тргнаа на состанок, па македоснкиот премиер, со поддршка на Ахмети, побарал формирање на работни групи која би го трасирала патот кон излез од кризата.
За Заев ваквиот предлог е неприфатлив, бидејќи Македонија во кризата наиде токму благодарение на луѓето кои, сега , предлагаат нов тела.
Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој минатата ноќ меѓународните претставници го убедија да дојде на состнок, бара да се формира техничка влада која ќе создаде предуслови за одржување на фер и слободни избори.
Партијата на Ахмети, која не се оглсуваше претерано по повод демонстрациите во Македонија и судирите во Куманово, бара мирно решавање на кризата со посредство на меѓународната заедница, додека Демократската партија на Албанците не изнесе никакви ставови, бидејќи таа партија длабоко е поделена околу овие настани.
Македонската опозиција најави масовен собир за во неделата, додека Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ден подоцна ќе одржат контра-митинг.

